КУЛТУРА
ПРОГРАМА “ЖИВО НАСЛЕДСТВО”
Поречки панаѓур и претставување на Русиново во Скопје. Во рамките на програмата “Живо наследство”, во текот на септември се одржуваат два настани - панаѓур во Порече и четиридневна продажна изложба на ракотворби од Русиново во Скопје.
Поречкиот панаѓур го организираат жителите на селото Растеш и Македонското студентско етнолошко друштво. Тој ќе се одржи на 11 и 12 септември во Самоков, а на него ќе се претстават природните и културните вредности на поречкиот крај. На панаѓурот, исто така, ќе се претстават и занаетчии и ракотворци од други краеви на Македонија.
Претставувањето на ткајачката вештина и ракотворбите од село Русиново, Беровско, ќе се одржи од 23 до 26 септември во Културниот центар “Точка” во Скопје. Организатор на оваа продажна изложба и претставување на традиционалната вештина е здружението “Ракотворби” од Русиново.
Програмата “Живо наследство” има цел да го поддржи и поттикне развојот на заедниците преку културните ресурси. Оваа програма во Македонија ја спроведуваат и финансираат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија.
М.И.
|