|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Основана федерација на српски НВО (ФЕНС)На конститутивната седница под наслов „Обединети граѓани“, што се одржа во Белград, од 14 до 16 февруари годинава, претставници на 229 НВО, кои со своите програми покриваат 102 општини во Србија, ја основаа Федерацијата на српски НВО (ФЕНС). По цела година активности насочени кон собирање на што е можно поголем број НВО, иницијативата успеа да ја комплетира првата фаза. | |
| ОД МИНАТИОТ МЕСЕЦ Србија и Црна Гора - членка на Советот на ЕвропаОд 3 април годинава, Србија и Црна Гора е членка на Советот на Европа. Одлуката за зачленување беше донесена на Комитетот на министри на Советот на Европа на 23 март годинава. Србија и Црна Гора се обврза дека ќе пристапи кон Статутот на Советот на Европа и дека ќе ја потпише Европската конвенција за човекови права. | |
|
СЦГ - КОСОВО Летен универзитет Приштина 2003Универзитетот на Приштина и “Academic Training Association” ова лето го организираат третото издание на Летен универзитет Приштина во Приштина, Косово (СЦГ). Програмата на едно место ќе ги собере заедно регионалните и меѓународните професори и лектори во период од три недели кога ќе одржат 30 курсеви и работилници од полето на хуманоста, правото, економијата, општествените науки, уметноста, медицината и природнонаучните науки. Летниот универзитет Приштина ќе се одржи од 14 јули до 1 август. Краен рок за пријавување е 16 мај. Повеќе информации на www.antenna.nl | |
ХРВАТСКА Мама одби поддршка од УСАИДЗа време на воената интервенција на САД врз Ирак, Институтот Мултимедија донесе одлука да го поништи договорот преку кој Владата на САД им доделиле грант во висина од 100.000 долари, наменети за развојот на секторот за граѓанско општество во Хрватска.
| |
| АЛБАНИЈА 287 деца на “Најголемата светска лекција”Центарот за правата на децата на Албанија – во соработка со образовните власти во Тирана и Глобалниот марш против детскиот труд, ја организираа „Најголемата светска лекција“ со учество на 287 деца од четири училишта во Тирана, како дел на Глобалната кампања за образование.
| |
|
ВО БУГАРИЈА Македонското малцинство се обединуваВо Ново Село, Македонија, на петти аптрил, се сретнаа организациите на македонското малцинство во Бугарија. Средбата ја организираше Светскиот македонски конгрес, а присуствуваа претставници на ОМО Илинден, Пирин, ВМРО-независна и други организации на македонското малцинство во Бугарија. Тие потпишаа протокол за формирање чадор-организација. Инаку, во Бугарија, според пописот од 2002 година, живеат околу 5.000 Македонци. | |
|
|
|
|