Донатори
Помош при миграциите и за приближување кон ЕУ
Интернационалната организација за миграции - ИОМ во Македонија работи од 1999 година - таа, како и повеќе други, пристигна по косовската криза. ИОМ претставува меѓувладина (intergovernmental) и непрофитна организација, формирана во 1951 година во Женева, каде и денес се наоѓа нејзиното седиште. Има 93 држави-членки и 30 држави-посматрачи. Македонија и Европската унија спаѓаат во втората категорија.