USAID - ПРОГРАМА SEED
Развој на демократијата, општеството и мирот
Агенцијата за меѓународен развој на САД - USAID, одобри буџет за спроведување на програмата за помош во Македонија за поддршка на развојот на демократијата, општеството и мировниот процес, во висина од 66,5 милиони американски долари. Оваа програма, наречена SEED (Поддршка на Источно-Европските демократии), минатата година во Македонија донесе 38,4 милиони долари. За оваа фискална година, буџетот е повисок - 49,5 милиони долари плус додатни 17 милиони, обезбедени од други извори, надвор од буџетот на програмата SEED.