Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 29 Јули-Август2003  Форум

Дали граѓанското здружување придонело за развојот на македонската државност?
 

И овој пат, на Форумот на „Граѓански свет“ најавуваме интересна тема за размислување: Дали граѓанското здружување придонело за развојот на македонската државност?

Дали она што денес со современата терминологија се нарекува граѓански активизам и граѓанска иницијатива е нешто што се случувало еден век порано како и во текот на тој еден век што не дели од Илинденското востание, и колку и на кој начин тоа придонело во мачниот, долг процес на градење на маке­донската држава?

Ве повикуваме да ни ги испраќате Вашите размислувања на оваа тема, на адресата на МЦМС или директно на Форумот на веб-страниците: www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk . Ве молиме, притоа да го наведете Вашето полно име и презиме и името на Вашето здружение, доколку чле­нувате во некое.

ОД МИНАТОМЕСЕЧНАТА ДЕБАТА

Дали во Македонија постојат услови за еко-туризам?

 
На прашањето од минатиот број на “Гра­ѓански свет” - Дали во Македонија постојат услови за развој на еко-туризам? - добивме неколку интересни јавувања и писма. Објавуваме две од нив, едното во форма на минирепортажа: 

Никола Киселинов, претседател на Туристич­ката асоцијација на град Охрид
„“Билјана“:

Туристичката асоцијација„“Билјана“ веќе подолго време работи на стратегиски проект за развој на еко-туризмот во Националниот парк „Галичица“.  За таа цел, во соработка со невладината организација Спортско-планинарско друштво „Магаро“ од Охрид, во текот на зимата 2002 година, го отворивме Центарот за развој на еко-туризмот со: алпинизам, планинарење, зимски спортови, еко-пикник, тури во НП „Галичица“, пла­нински велосипедизам, едукативни еко-планинарски тури, развој на руралниот туризам, параглајдерство. Објектот на Центарот се наоѓа во село Љубаништа, само еден километар пред комплексот Свети Наум, во атарот на НП „Галичица“. Тој може да се користи за одржување семинари, трибини, предавања (има капацитет за 35 учесници).

ТА „Билјана“ во рамките на своите активности за развој на еко-туризмот отвори и Ту­ристичко-информативно биро во Охрид.

За развој воопшто на туризмот во Македонија, еден од најголемите недостатоци е непо­стоењето национална стратегија за развој на туризмот, во која посебно би се разработил еко-туризмот. Нашата организација разви локална стратегија за туризмот, а резултат е Центарот за развој на еко-туризмот. Тоа е пример како две невладини организации можат успешно да работат на еден проект, кој може да донесе локален развој - кон­кретно, еко-туризам.

 ГОРНА БЕЛИЦА - МЕСТО ЗА ОДМОР

На прв поглед – љубов

Стојан Кукунешоски, Подгорци, Струга: Се вклучувам во дебатата на тема: Дали во Македонија постојат услови за развој на еко-туризам?, испраќајќи еден текст, кој се надевам ќе најде место во „Граѓански свет“, со цел подобро запознавање на нашите еко-туристички места.

Природна убавина која плени, борова и букова шума, чист планински воздух и единствена можност кога ќе се разбудите наутро првиот поглед да Ви падне на Охридското Езеро. Ова го нуди само селото Горна Белица, викенд-населба и воздушна бања на надморска висо­чина од 1.310 метри. Во таа убавина, 180 викендички се распо­слани на падините под огромната, вели­чествена гранитна карпа на врвот Чума, кој, пак, се наоѓа на 1.800 метри, на планината Јабланица.

Белица восхитува уште при првиот поглед. Сите вили се мали, а имаат големи зелени дворови и многу дрвја. Амбиентот е пре­красен, планински, и нуди идеален мир. Овде може да се седи и да се ужива во сите благодети на планината. Вистинска пла­нинска туристичка населба, со мали куќички со остри и високи покриви, градени плански. Сите се изградени со речиси иста височина и ширина. Амбиентот го прави величествен панорамата кон Охридското Езеро на исток, и кон врвот Чума на спротивната, северната страна, кој прави да се почувствувате како да сте високо на Алпите, а не на падините на Јабланица.

Селото Горна Белица со своето оригинално влашко име Бела де Суприма (го населиле Власи - сточари), нуди уште многу скриени убавини, кои можете да ги откривате ако решите да поминете викенд или повеќе денови на ова место од бајките. Локацијата е атрактивна оти селото се наоѓа во непо­средна близина на најзначајната старо­римска патна артерија, Виа игнација. Во близина има неколку локалитети кои биле богати и значајни попатни станици на Виа игнација. Патот минувал на јужната страна на селото, каде се наоѓа локалитеот наречен Вајтос.

И уште една атрактивна локација, која за Македонија е можеби и многу позначајна - тоа е манастирот Свети Климент со околните конаци, во кои своевремено живеел и работел Свети Климент Охридски со многу свои следбеници. Поради тоа, експертите од охридскиот Архео­лошки завод подготвуваат истражувања на тој локалитет. Климентовиот манастир, еден километар оддалечен од селото, е во прекрасна дабова шума. Тоа е трошен манастир со камбанарија висока околу пет метри во која уште се чува ѕвоното. Под манастирот се наоѓаат остатоци од конаците и од ѕидините со кои била оградена населбата. Наоколу се распо­слани делкани варовнички камења со правилни форми со кои монасите ги изградиле конаците и ѕидините. И од просторот пред манастирот се нуди прекрасна глетка на Охридското Езеро.

Оваа планинска викенд-населба е поврзана со два патни правци, со Струга и со Вевчани. Со Струга е поврзана со локален пат долг 17 километри, а со Вевчани со широк пат долг четири километри - двата пата се асфал­тирани и цело време поминуваат низ густа шума.

 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA