Коментар Рака под ракаПред неколку недели бев меѓу учесниците од Македонија на „Деновите на граѓанските здруженија“ во Загреб. Уште пред да ја видам манифестацијата се прашував каков ќе биде, за разлика од нашиот НВО Саем „Форум на граѓанското општество во Македонија“, кој се одржа кон крајот на октомври минатата година, во организација на МЦМС, ФИООМ, ИТЗ и ЦРС. И на оваа манифестација бевме заедно, па според виденото, можеме да се гордееме дека сме подобри организатори. | |
|