|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО ИРАК Дајте му шанса на миротГраѓаните на Скопје се одѕваа на повикот на неколку невладини организации: Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мировна акција, МЦМС, ФИООМ, Одборот за мировни граѓански иницијативи, Социјалниот форум на Европа и други, и во неделата, на 15 февруари годинава, излегоа да го искажат својот протест против воената интервенција на САД врз Ирак. | |
| Коментар Рака под ракаПред неколку недели бев меѓу учесниците од Македонија на „Деновите на граѓанските здруженија“ во Загреб. Уште пред да ја видам манифестацијата се прашував каков ќе биде, за разлика од нашиот НВО Саем „Форум на граѓанското општество во Македонија“, кој се одржа кон крајот на октомври минатата година, во организација на МЦМС, ФИООМ, ИТЗ и ЦРС. И на оваа манифестација бевме заедно, па според виденото, можеме да се гордееме дека сме подобри организатори. | |
|
Тема: Трет Светски социјален форум, Порто Алегре, 23 – 28 јануари 2003 година Поинаков свет е возможенВо јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул во градот Порто Алегре од 23 до 28 јануари 2003 година, по трет пат, се собраа голем број организации и движења на цивилното општество на Светскиот социјален форум (ССФ). Светскиот социјален форум обезбедува отворен простор за стотици дебати, семинари, работилници во кои учествуваат десетици илјади учесници и делегати. Овој трет по ред форум ги надмина сите претходни по учеството. | |
ИНТЕРВЈУ: На жртвите на домашното насилство им треба конкретна помошДо пред неколку години, државата немаше никаква иницијатива за решавање на проблемот на семејното насилство. Денес е поинаку, но сакам да апелирам активностите да не се сведат само на кампањи или трибини, туку на нудење конкретна помош. Економскиот фактор е најголемиот што ја држи жената беспомошна и во состојба да биде подложена на домашното насилство | |
Погледи: Ѓунер НЕБИу Самостојно, покоординирано и поцелисходноВо екот на трансформацијата на општеството во плуралистичка демократија, на почетокот на 90-тите години, еден од предвесниците на новиот систем беше појавувавањето на голем број невладини организации кои се занимаваат со женски прашања. Заедно со оние кои веќе беа формирани во една или друга форма во бившиот систем, големиот број нови женски невладини организции создадоа добра основа за конечно да се решат прашањата на општествениот статус на жените. | |
Донатори: ГЕРМАНСКО ДРУШТВО ЗА ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА – ГТЗ Македонско-германска развојна соработкаВладата на СР Германија меѓу првите земји, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија, покажа интерес да обезбеди финансиска и техничка поддршка на Владата на РМ во надминувањето на присутните проблеми во развојот.
| |
Претставување: ПЕВ - ПРОЕКТ ЗА ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА Надминување конфликти, градење траен мирПЕВ - Проектот за заедничка визија, како филијала на ВСП Интернационал (Њар-торн Социетиес Пројецт – ЊСП Интернатионал), во Македонија ги спроведува своите активности од март минатата година. Асоцијацијата го искористи овој период за спроведување на првата фаза од истражувањата во Македонија преку реализација на следниве активности: теренско истражување во 15 региони во Република Македонија; истражување на македонската политичка реалност преку средби со политичките партии; истражување на меѓународната политичка реалност на Македонија преку странските фактори присутни во земјата.
| |
| Форум Имаат ли резултати актуелните стратегии на женските НВО?Во традиционално женскиот месец, март, на веб-страниците на „Граѓански свет“, www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk ќе биде актуелно прашањето поврзано со активноста на женските невладини организации. Ве повикуваме на дискусија во врска со стратегиите кои женските здруженија ги спроведуваат во Македонија. Дали тие ги донесуваат посакуваните ефекти? Или пак е време активностите насочени кон добивање повеќе права и рамноправен третман на жените да се усмерат во некоја друга насока, посовремена, или едноставно поприлагодена на домашните потреби?
| |
|
|
|
|
|