Концепти Мотивација на волонтериЗошто сум волонтер? На ова прашање, еден волонтер во противпожарно здружение одговорил: „Не затоа што се осмелувам да влезам во зградата што гори, туку затоа што се грижам за луѓето. Да им се помогне на луѓето е она за што сум роден. Затоа сум волонтер. Можеш да имаш 25 години, нетрпелив и подготвен за работа, или да имаш 60 години, со целото искуство зад себе и се уште да бидеш активен. Волонтерот може да биде маж или жена, со крупна или ситна градба, продавач или механичар, домаќинка или сопруг, татко или мајка, но секогаш ќе биде овде кога има потреба од тоа.“ | |
|