Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 31 Октомври 2003  Публикации

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

ФИООМ

ЦД за културна деконтаминација

Во рамките на програмата Културна деконтаминација, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија издаде ЦД на кое се претставени четири истражувачки проекти чија цел е со егзактни показатели да ја претстават состојбата на мултикултурниот амбиент во Македонија во постконфлитниот период, како и „контаминираноста“ на свеста на граѓаните со националистичките митови креирани за време на конфликтот.

На ЦД-то се претставени интегралните истражувања и нивните резимеа на македонски јазик, како и превод на резимеата на англиски јазик. Истражувањата се спроведени од експертски тимови од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Економскиот факултет во Прилеп.

ЗАВОД, МУЗЕЈ И ГАЛЕРИЈА - БИТОЛА

Веб-страница за културните настани

Завод, музеј и галерија и Битола е една од ретките институции од овој вид во нашата држава, која има своја веб-страница. На неа се дадени, на македонски и на англиски јазик, информации за контакт со институцијата, како и за актуелни настани, како што е Графичкото триенале и неодамнешното ексклузивно откритие на необичниот фосилен остаток, во близина на рудникот Суводол крај Битола.
Адресата е: www.muzejbt.org.mk .

МИМ

Македонија: конфликтот и медиумите

Книгата, Македонија: конфликтот и медиумите е резултат на проектот лансиран од Мрежата на медиумски центри за професионализација на медиумите од југоисточна Европа (СЕЕНПМ) и Балканската мрежа за човекови права (БХРН). Проектот „Известувањето на медиумите за конфликтот во Македонија“ беше заеднички имплементиран од страна на Македонскиот институт за медиуми (член на СЕЕНПМ) и Асоцијацијата за демократски иницијативи (член на БХРН).

Книгата ги содржи личните погледи на 14 домашни и странски новинари за известувањето на медиумите за Македонија во 2001 година. Текстовите ги претставуваат искуствата на новинарите кои известувале за конфликтот, но презентираат и детални анализи за улогата на медиумите за време на кризата.

Еко-свест

„Обиколен пат на Скопје“

„Обиколен пат на Скопје“ е насловот на публикацијата издадена од страна на  здружението на граѓаните Еко -вест. Достапна им е на граѓаните  во електронска и  печатена форма.

Публикацијата содржи мапи и скици во боја, анализа на еколошките фактори во областа на скопското село Волково, писма упатени до Фондот за патишта, осврт на изготвениот извештај од страна на независниот експерт за обиколниот пат и др.                      

 

©MCMS - designed by KOMA